Достапни линкови

ФБИ под притисок за мејловите на Хилари Клинтон


Хилари Клинтон

Федерално истражно биро е под притисок да обезбеди детали за обновувањето на истрагата за случајот со користењето на приватните мејлови на Хилари Клинтон, кога ја извршуваше функцијата државен секретар.

Директорот на ФБИ, Џејмс Комеј пред два ден, односно 11 дена пред изборите го извести Конгресот дека агенцијата е во потрага по нов сет на мејлови. Демократскиот кандидат за претседател, Клинтон изјави дека чекорот е длабоко вознемирувачки бидејќи гласачите заслужуваат да ги знаат фактите. Менаџерот на нејзината кампања, Џон Подеста го повика Комеј да и го даде точниот одговор на јавноста за вистинската природа на мејловите.

Републиканскиот противник на Клинтон, Доналд Трамп изјави дека прашањето е најголемиот политички скандал во САД од Вотергејт, по кој оставка поднесе оставка тогашниот претседател Ричард Никсон.

XS
SM
MD
LG