Достапни линкови

Пронајдено оружје во близина на куќата на Вучиќ


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Потпретседателот на српската влада, Расим Љајиќ изјави денеска дека оружјето пронајдено во сандаци во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ е веројатно оставено со цел да биде употребено против некого. Според него, тоа е сигнал за тревога за сите надлежни институции, пред се службите за безбедност и полицијата и додаде дека случајот мора да биде до крај расветлен.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ синоќа информираше дека оружјето било пронајдено во шума, веднаш до патот, што води до куќата во Јајинци, во која Вучиќ, често навраќа. Во сандаците имало бомби, поголемо количество муниција и еден противтенковски лансер со граната, од типот „Оса“ оружје од арсеналот на некогашната југословенска армија.

XS
SM
MD
LG