Достапни линкови

Претседателски избори во Молдавија


Гласање на претседателските избори во Молдавија

Во Молдавија денеска се одржуваат претседателски избори за прв пат во 20 години. На изборите се гледа како на битка меѓу оние кои ја поддржуваат интеграцијата на земјата во ЕУ и на оние кои сакаат поблиски односи со Русија.

Социјалистот Игор Додон води во анкетите, но можеби нема да освои доволно гласови за победа во првиот круг. Додон, кој е 41 годишен економист сака да го промени курсот на земјата во евроинтегративниот процес. Поранешната министерка за образование и лидер на Партијата за акција и солидарност, Маја Санду е најсилната противничка на Додон за претседателската функција. Таа за разлика од Додон се залага за спроведување на реформите за членство на земјата во ЕУ.

XS
SM
MD
LG