Достапни линкови

Спасов пристигна во полициска станица Карпош


Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов пристигна во полициската станица Карпош, каде се очекува да даде исказ за синоќешните случувања, велат полициски извори за Радио Слободна Европа. Тој своеволно вечерва дошол во полициската станица, откако синоќа според полицискиот записник удрил со службениот џип во два автомобила по што побегнал. Полициската патрола синоќа го сопрела во скопската населба Тафталиџе, каде што откако излегол и им одговорил на полицајците дека тој управувал со возилото, побегнал.

Според полицискиот билтен, еден час по настанот, неговиот службен возач се пријавил да преземе одговорност тврдејќи дека тој управувал со џипот, но полицијата тврди дека при сопирањето на возилото не го затекнале внатре тоа лице, а дополнително неговата изјава не се совпаѓа ниту со таа на сопатничката која останала сама во возилото. Од полиција велат дека за сите кои во случајов го прекршиле законот ќе следува соодветна пријава.

Утринава од кабинетот на дополнителниот заменик министер Спасов беше објавена писмена реакција во која се вели дека тој не направил „тешка сообраќајна незгода“ како што тврдат дел од медиумите и дека целиот случај се базира на невистини и има за цел политички да му наштети на неговиот углед.

XS
SM
MD
LG