Достапни линкови

Прекршочни пријави за Алфа, Сител и ТВ Нова


Привремената Комисија за следење на медиумското претставување, со три гласа „за“ и два против, предложи поведување прекршочни постапки против телевизиите Сител, Алфа и Нова. Според одлуката на Комисијата, постапките за телевизиите Сител и Нова се поведуваат поради прекршување на членот со кој се регулира балансираност во известувањето, додека за телевизија Алфа постапката е поведена поради непочитување на забраната за прилози со кои може да се остави впечаток дека активности на државните органи се и партиски активности. Двајцата членови кои гласаа против овие предлози најавија поднесување на издвоени мислења и изнесоа забелешки за недоследно применување на законот и методологијата на Агенцијата за Медиуми.

XS
SM
MD
LG