Достапни линкови

Сметањето на времето уште еднаш го подели Кипар


Островот Кипар од утре, освен по етничка линија, ќе биде поделен на два дела и според сметањето на времето. Грчкиот дел на островот, како и сите останати земји од ЕУ, вечерва ќе ги вратат стрелките на часовникот за еден час, со што ќе преминат на зимското сметање на времето.

Турскиот дел пак реши да остане на летното сметање на времето, следејќи го примерот на Турција. Така Кипар ќе биде поделен во две временски зони.

Во септември Турција реши да остане постојано на летното сметање на времето. Турската Република Северен Кипар, која е признара само од Анкара, реши да го направи истото, поради економскиот сектор, трговијата, авионските летови и превозот, кои се поврзани со Турција.

Според локалното здружение на работодавачи, разликата во времето ќе претставува проблем за 5.000 кипарски Турци, кои работат во другиот дел на островот.

XS
SM
MD
LG