Достапни линкови

Могерини на средба со саудските и иранските власти


Архивска Фотографија, Средба на Еврокомесарката Федерија Могерини со иранскиот министер за надворешна политика Ибрахим ал Џафари

МоЕврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини пристигна во Техеран каде се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф и со претседателот Хасан Рохани.Таа на средбата со нив ќе разговара за состојбата во Сирија и за односите на Иран со Саудиска Арабија. Таа по овие средби заминува за Ријад на разговори со саудиските лидери. Нејзината посета доаѓа по само еден ден откако министрите за надворешни работи на Русија, Сирија и Иран се сретнаа во Москва за да разговараат за сириската ситуација и за опколениот град Алепо врз кој Русија спроведува воздушни напади. Москва и Техеран го поддржуваат сирискиот претседател Башар Ал Асад.

XS
SM
MD
LG