Достапни линкови

Општина Центар:Панчевски незаконски изгради два ката на зграда


Архивска фотографија: Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски заедно со уште двајца инвеститори, бесправно и без дозвола направиле надградба на зградата за два ката повеќе од дозволеното, обвинуваат од скопската општина Центар. Во писменото соопштение од општината, е наведено дека инвеститорите од општина Центар, во јуни 2015 година, добиле одобрение за „реконструкција и санација на фасадата во рамки на постојниот габарит“, но со ова решение тие немале право да направат никакво проширување или надградување на објектот.

Општинската инспекција издала барање за рушење на доградените катови, но вчера, како што се вели во соопштението, истражители од Основниот суд ја посетија општина Центар и ја одзедоа документацијата за овој предмет, а образложението е дека се работи за судски предмет, за кој не можат да даваат информации, е наведено во соопштението на Општина Центар.

XS
SM
MD
LG