Достапни линкови

Судири меѓу украинската полиција и сепаратистите


Најмалку шест луѓе загинаа при судирите меѓу украинските безбедносни сили и сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел на Украина. Украинските власти соопштија дека во последните 24 часа сепаратистите ги интезивираат нападите. Според информациите на новинските агенции најмалку двајца борци од сепаратистите загинале а уште шестмина се ранети, додека оснатантите загинати се припадници на украинските безбедносни сили.

Порастот на смртни случаи во конфликтите доаѓа по 10 дена откако германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се обида да во активираат замрените мирновни преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко во Берлин.

XS
SM
MD
LG