Достапни линкови

Временска прогноза - сончево и студено


Сончево интермецо во Охрид. Охридско Езеро.

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност особено во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус пет до пет, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Од утре до средината на наредната недела се очекува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

XS
SM
MD
LG