Достапни линкови

Обвинение против опозициски лидер во Косово


Фатмир Лимај

Косовското обвинителство покрена обвинение против опозицискиот политичар Фатмир Лимај за неговата поврзаност со две убиства спроведени за време на војната. Според обвинителството, Лимај не успеал да го спречи убиството на двајца Албанци во 1998 година и не спровел соодветна истрага за случајот.

Лимај е поранешен командант на Ослободителната војска на Косово која се бореше против сепаратистичката војна против Србија во 1998-99 година. Тој сега е лидер на опозициска политичка партија. Трибуналот на ОН го ослободи Лимај од обвиненијата за воени злосторства во 2005 година, а седум години подоцна приштинскиот суд го ослободи од обвиненијата за тортура и убиство на српски затвореници за време на конфликтот.


XS
SM
MD
LG