Достапни линкови

Сириските бунтовници со офанзива во Алепо


Тенк на бунтовниците западно во Алепо.

Сириски активисти јавија дека бунтовниците спровеле офанзива во Алепо со цел да ја пробијат опсадата од страна на владините сили на источните реони кои се под контрола на опозицијата. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека повеќе од 15 цивили биле убиени, а 100 повредени во нападот.

Медиуми јавија дека 5 цивили загинале и дека сириската војска се спротивставила на офанзивата. Според соопштението, сириската војска и нејзините сојузници се уште ја има контролата, а вооружените групи не успеале да ја променат мапата.

XS
SM
MD
LG