Достапни линкови

Хрватска ќе и помага на БиХ во евроинтеграцијата


Хравтскиот премиер Андреј Пленковиќ на средби со лидерите на БиХ.

Хравтскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека неговата земја ќе и ја пружи на Босна и Херцеговина сета помош што ќе и биде неопходна на патот за членство во ЕУ. Тој за време на посетата на Сараево истакна и дека во текот на разговорите со неговите домаќин бил запознаен со „најважните прашања кои ја преокупираат БиХ“. Пленковиќ порача и дека со посетата покажал дека добрите односи со БиХ и нејзинито приближување кон ЕУ ќе бидат највисок надворешно политички приоритет на Хрватска.

Пленковиќ имаше средби со бошњачкиот и со хрватскиот член на босанското Претседателство, Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ, како и се претставници на Владата и на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG