Достапни линкови

Иванов со Николиќ со пофалби за взаемните односи


Средба на претседателите на Македонија и Србија Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ во Скопје во 2012 година.

Претседателот Ѓорге Иванов по денешната средба со неговиот српски колега Томислав Николиќ изјави дека двете земји во изминатите 20 години успеале да изградат искрени пријателски односи и континуиран и одличен политички дијалог, како и заеднички интерес и обострани заложби со цел да ја унапредат соработката во сите области.

Николиќ истакна дека политичките односи меѓу Србија и Македонија се многу добри и дека во период, преполн со различни предизвици, покажале дека преку соработка и разговор може да се спречат и да се надминат сите тешкотии.

Двајцата претседатели разговарале и за последните случувања во регионот, за мигрантската криза, за заедничките безбедносни предизвици, како и за европските перспективи. Иванов во Белград ќе оствари средба и српскиот премиер Александар Вучиќ.




XS
SM
MD
LG