Достапни линкови

Егзекутирани повеќе од 200 луѓе во ирачкиот град Мосул


Раселени лица од Мосул

Канцеларијата на Високиот комесар за ОН за човекови права Заид ал Хусеин соопшти дека милитантите на Исламската држава егзекутирале најмалку 232 лица во ирачкиот град Мосул. Според ОН, милитантната група носела илјадници цивили во градот со цел да ги користи како човечки штит додека ирачките владини сили и Пешмерга борците се обидуваат да влезат во Мосул.

Организацијата предупредува и дека бројката на жртви веројатно е поголема, при што 190 лица од загинатите биле поранешни припадници на ирачките безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG