Достапни линкови

Николиќ: ЕУ ја создаде мигрантската рута преку Македонија и Србија


Српскиот претседател Томислав Николиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека ЕУ сама ја создала маршутата на мигрантите преку неговата земја и Македонија, кои не се дел од Унијата, иако со леснотија можела да ги одврати мигрантите да поминуваат низ земјите членки Бугарија и Грција. Тој во интервју за телевизијата „Раша тудеј" посочува и дека Србија сега има доволно ресурси, трпение и разбирање, за да ги прифати сите мигранти кои пристигнуваат во земјата.

Според него, се додека границите на ЕУ се отворени, Србија ќе продолжи да се грижи за бегалците, особено за децата. Но, како што истакнува Николиќ, Европската унија не и помага на Србија во решавањето на проблемите.

XS
SM
MD
LG