Достапни линкови

Во Венецуела генерален штрајк


Опозицијата на Венецуела на протест против претседателот Николас Мадуро. Каракас, 26.10.2016.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро пред денешниот генерален штрајк со кој опозицијата ќе побара негово заминување од власт, соопшти дека ќе ја зголеми мининималната плата за 40 насто. Износот на оваа плата сега е 140 долари и најавеното зголемување, според оценките, нема да помогне во галопирачката инфлација во земјата. Погодена од падот на цената на нафтата која е извор на скоро целиот девизен прилив, Венецуела минува низ една од најтешките економски кризи во својата историја. Инфлацијата годинава се очекува да достигне 475 насто, додека догодина 1660 проценти.

XS
SM
MD
LG