Достапни линкови

Русија: лажен извештајот за напад врз сириско училиште


По воздушниот напад во Идлиб на 26.10.2016.

Руската војска соопшти дека било лажно тврдењето за воздушен напад врз училиште во северната сириска провинција Идлиб која е под контрола на сириските бунтовници. УНИЦЕФ претходно соопшти дека во бомбардирањето на училиштето загинале најмалку 22 деца и шест наставници и оти тоа било најтежок напад врз некое училиште во скоро шестгодишната војна во Сирија. Портпаролот на руското министерство за одбрана генерал Игор Конашенков изјави дека руски авиони не ја надлетувале таа област. Тој додаде дека руски дрон прелетал преку училишната зграда и оти таму немало никакви знаци на напад.

XS
SM
MD
LG