Достапни линкови

Претседателот Иванов во тридневна посета на Србија


Претседателите на Македонија и на Србија Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ, Битола, 16.09.2016.

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска ја почнува тридневната посета на Србија во рамките на која со српскиот претседател Томислав Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ ќе разговара за јакнење на билатералната и регионалната соработка. Ќе биде одржан и македонски српски бизнис форум на кој ќе учествуваат 20 компании од Македонија. Повод за посетата на Иванов на Србија е одбележувањето на 70 годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина. Тој и Николиќ в недела ќе присуствуваат на прославата на јубилејот во Панчево.

XS
SM
MD
LG