Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претпладне со повремен локален дожд, претежно во западните и јужните делови, кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини (надморска височина над 1800м) на запад врнежите ќе поминуваат во снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Утринската температура ќе се движи од три до 11, а највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од осум до 15 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Температурата ќе се движи од осум до 13 степени.

XS
SM
MD
LG