Достапни линкови

Путин негира мешање на Русија во изборите на САД


Рускиот претседател Владимир Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин повторно ги отфрли обвинувањата дека Русија се мешала во претседателските избори во САД, велејќи дека овие тврдења се само обид да се одвлече вниманието на електоратот на САД од реалните проблеми. Путин на годишниот состанок на странски академици и аналитичари во Сочи рече дека наводите за руски мешање на изборите се "митски и фиктивни." Тој рече дека е апсурдно да се каже дека САД би можеле да бидат подложни на влијание на Русија. "Дали некој сериозно мислат дека Русија може некако да влијаат врз изборот на американскиот народ? Дали САД е некој вид на банана република? САД е голема сила. Ве молам поправете ме ако грешам", рече Путин, што предизвика смеа во публика. Наводите за руско мешање беа истакнати во кампањата помеѓу кандидатот на демократите, Хилари Клинтон, и нејзиниот ривал, кандидатот на републиканците, Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG