Достапни линкови

Путин:Мирот во Сирија спречен од "сили" во Вашингтон


Претседателот на Русија Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговите напори да се постигне договор со американски претседател Барак Обама за ставање крај на граѓанската војна во Сирија биле спречени од страна на "сили" во Вашингтон.

"Фактички не е создаден обединет фронт за да се поразат бунтовниците", изјави Путин денеска на годишниот состанок на експерти во Русија. Тој рече дека во Вашингтон имало сили кои се обиделе да го спречат договорот"
Путин не елаборираше кој во Вашингтон, наводно, го спречил обидот да се стави крај на крвопролевањето во Сирија.

"Се чинеше дека по долги преговори, огромни напори и сложени компромиси, обединет фронт за борба против тероризмот зема форма", изјави Путин. "Но, тоа не се случи."

Администрацијата на Обама ја обвинува Москва за разгорување на конфликтот со тековните операции за поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад во неговата војна против Исламската држава и групите кои бараат негово соборување.

XS
SM
MD
LG