Достапни линкови

ЕУ ја прошири листата на санкции против Сирија


Сиријци одат над урнатини во Алепо

Европската Унија, додаде уште 10 Сиријци на својата листа на санкции, обвинувајќи ги за вмешаност во нападите на опколениот град Алепо.
На листата која вклучува забрани за патувања и замрзнувања на имот се наоѓаат високи воени функционери и високи личности поврзани со режимот.
Тие се најдоа на листата со вкупно 217 други лица бидејќи се верува дека се одговорни за насилна репресија против цивилното население во Сирија или оти имале корист од сирискиот режим.

Минатата недела министрите за надворешни работи на ЕУ се приклучија во оценката на претставници на ОН дека нападите врз Алепо може да се квалификуваат како воени злосторства.

XS
SM
MD
LG