Достапни линкови

Воздушни напади на САД против Ал Каеда во Авганистан


Армиски офицери на Аганистан и маринци во американски камп

Пентагон соопшти дека воздушните напади на САД во Авганистан, во оддалечените области на провинцијата Кунар, биле насочени против двајца најистакнати лидери на Ал Каеда. Војската на САД се уште ги анализира резултатите од нападите за време на викендот, но агенциите објавија дека официјални лица од Пентагон лично веруваат дека тие биле успешни во убиството на оперативците.Агенциите исто така објавија сведоци од Кунар кои велат дека 15 бунтовници биле убиени во нападите, меѓу кои и двајца Арапи и голем број на пакистански и талибански борци. Една од целите бил Фарук ал-Катани, државјанин на Катар кој е лидер на Ал Каеда за североисточниот дел на Авганистан, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук. Билал ал-Утаби, е закана за Западот поради вработување и обука на странски борци, рече тој. "Ако овие напади се успешен, елиминирање на главните лидери на Ал Каеда ќе ги наруши напорите за заговор против САД и нашите сојузници и партнери од целиот свет, изјави Кук.


XS
SM
MD
LG