Достапни линкови

ДИК: Досега пријавени 2.099 македонски гласачи од странство


Државната изборна комисија

Заклучно до 14 часот денеска вкупно 2.099 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за гласање за претстојните предвремени избори.

Од нив, како што соопшти денеска ДИК, прифатени се 1.413 пријави, 61 се одбиени, а 625 се во обработка.

Од Државната изборна комисија соопштуваат дека пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии ќе трае до 11 ноември 2016 година.

Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија

XS
SM
MD
LG