Достапни линкови

Русија негира дека бомбардирала училиште во Сирија


Портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека руските и сириските владини авиони не го извршиле воздушниот напад врз училиштето во провинцијата Идлиб во Сирија, во кој загинаа 28 лица, меѓу кои 22 деца.

"Руската федерација нема никаква врска со оваа ужасна трагедија, со овој напад", изјави за новинарите во Москва портпаролот на Министерството за надворешни работи Марија Захарова. Таа рече дека тврдењата на активистите за човекови права и западни дипломати дека Русија или Сирија го извршила нападот, се "лага".

Претходно Министерството за одбрана објави дека намало воздушни напади во областа Алепо во текот на последните девет дена.

Захарова, исто така, рече дека активностите на меѓународната коалиција предводена од САД во борбата против Исламската држава ја дестабилизираат ситуацијата во Сирија.
Претходно УНИЦЕФ соопшти дека нападите врз училишта, како тој во Идлиб, се можно воено злосторство.

XS
SM
MD
LG