Достапни линкови

Турција уапси 70 пилоти осомничени за превратот


Претеседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Турските власти издале налози за апсење на 73 пилоти, осомничени за поврзаност со Фетулистичката терористичка организација, јавија агенциите

Полицијата спроведе операција за апсење на тие лица во 17 окрузи во земјата, меѓу кои и Конја.

Турските власти ја обвинуваат групацијата ФЕТО, на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, дека стои зад обидот за преврат на 15 јули.

Истовремено нови налози за апсење во рамки на истрагата за ФЕТО се издадени во многу окрузи на земјата.

XS
SM
MD
LG