Достапни линкови

Уставниот суд в понеделник нема да одлучува за СЈО


Седница на Уставен суд.

Уставниот суд закажа седница за в понеделник, но на дневен ред не се ставени ниту Иницијативата за утврдување на уставноста за Специјалното јавно обвинителство, ниту Иницијативата на партијата Унитети за оценување на законитоста и уставноста на решението за распишување на предвремените избори.

На седницата закажана за в понеделник, ќе се разгледуваат седум иницијативи поврзани со Правилникот за спроведување на постапката за вработување, со стечајни и управни постапки, како и едно барање за заштита на права и еден предлог за одлучување, се вели во известувањето од Уставниот суд, објавено на интернет старницата на судот.

XS
SM
MD
LG