Достапни линкови

Обама од Ердоган бара координација во борбата против ИД


Претседателот на САД Барак Обама и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на САД Барак Обама посредуваше во конфликтот меѓу Турција и Ирак кои се вклучени во борбата против Исламската држава, барајќи лидерот на Турција да ги координира постапките и со Вашингтон и Багдад. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека Турција ќе се приклучи во битката за ослободување на северниот ирачки град Мосул од милитантната група, и покрај реакциите од Багдад дека турските војници не припаѓаат на тој терен.

Белата Куќа соопшти дека Обама во телефонски разговор со Ердоган вчера укажал на потребата за тесна координација меѓу Анкара и американските и ирачките сили во Мосул, за да се се обезбеди успех. Обама исто така, повика на "продолжување на дијалогот" меѓу Турција и Ирак да за да се утврди соодветно ниво и формата на учеството на Турција" во кампањата против ИД. Белата куќа соопшти дека Обама и Ердоган ја потврдиле својата силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак.

XS
SM
MD
LG