Достапни линкови

Германија: обвинет Сириец за тероризам


Специјален припадник на полицијата во Германија

Еден млад Сириец е обвинет за тероризам во Германија под сомнение дека бил во потрага на можни цели за напад од Исламска држава.

Полицијата во Берлин денеска објави дека 19-годишниот, чие име не е објавено, е обвинет за припадност на терористичка организација и кршење на законот за пренесување на оружје.

Тој беше уапсен во март.

Обвинителството соопшти дека човекот се приклучил на ИД во 2013 година и учествувал во борбите во Сирија. Тој допатувал во Германија во 2015 година, претставувајќи се како сириски бегалец.

XS
SM
MD
LG