Достапни линкови

САД воздржани за осудата на санкциите врз Куба


Американскиот амбасадор во ОН Самата Пауер

Соединетите држави беа воздржани на гласањето на Генералното собрание на ОН за осуда на санкциите против Куба што е за прв пат по 25 години. Тоа во Хавана е протолкувано како историска победа. Американскиот амбасадор во ОН Самата Пауер изјави дека САД ќе бидат воздржани поради новиот пристап на претседателот Барак Обама кон Куба, но оти тоа не значи дека Вашингтон се согласува со сите мерки на кубанската влада, особено во врска со човековите права во таа земја.

XS
SM
MD
LG