Достапни линкови

Бројот на дивите животни во светот се намали за 60 насто од 1970 година


Скоро за три петини е намален бројот на дивите животни во светот од 1970 година поради човековите активности, се наведува во најновиот извештај објавен во Лондон. Во извештајот се предвидува дека до 2020 година, според сегашниот тренд, светската фауна ќе се намали на половина. „Влегуваме во нова ера во историјата на Земјата каде што човекот ќе биде одговорен за шестото масовно истребување на животните“, изјави генералниот директор на Светскиот фонд за заштита на дивите животни Марко Ламбертини. Тој додаде дека токму човекот од друга страна е тој што може да преземе чекори за заштита на светската фауна.

XS
SM
MD
LG