Достапни линкови

Русија соочена со критики во ОН поради Сирија


Рускиот амбасадор во Светската организација Виталиј Чуркин

Русија се соочи со силни обвинувања во Обединетите нации за убивање десетици деца и други цивили во Сирија. УНИЦЕФ и други групи известија дека во воздупни напади изведени од сириски и руски авиони загинале 35 цивили, меѓу кои и 22 деца. „Ова е трагедија и воено злосторство“, изјави директорот на УНИЦЕФ Ентони Лејк. Рускиот амбасадор во Светската организација Виталиј Чуркин оцени дека тоа е страчно и оти се надева дека русите не биле вклучени во тоа.

XS
SM
MD
LG