Достапни линкови

Растурен мигрантскиот камп „Џунгла“ во близина на Кале


Пожар во мигрантскиот камп познат како „Џунгла“ во близина на градот Кале на 26 октомври 2016

Француските власти денеска го растурија мигрантскиот камп познат како „Џунгла“ во близина на градот Кале, три дена по почетокот на операцијата за уривање на кампот. Локалните власти прогласија затворање на кампот каде што илјадници мигранти од Блискиот Исток и од Африка во лоши услови чекаа шанса да го премина каналот Ла Манш и од Франција да влезат во Велика Британија.

Новите пожари кои денеска ги подметнаа дел од мигрантите во кампот ги забрзаа плановите за расчистување на просторот. Француските власти ги носат мигрантите во други капацитети во земјата каде што ќе треба да се пријават и ќе им се даде можност да побараат азил. На почетокот на операцијата за расчистување, во кампот имаше меѓу шест и осум илјади мигранти.

XS
SM
MD
LG