Достапни линкови

Последни прегрупирања пред претседателските избори во Молдавија


Мариан Лупу, претседател на Демократската партија во Молдавија

Претседателскиот кандидат на владејачката проевропска коалиција во Молдавија, Мариан Лупу, се повлече од претстојните избори. Прозападниот претседател на Демократската партија, Лупу, на денешната прес-конференција во Кишињев рече дека го отвора патот за поранешната министерка за образование Маја Санду, која, според него, има поголеми шанси да победи на изборите на 30 октомври. Лупу ги повика своите поддржувачи да гласаат за Санду и да помогнат во победата против главниот ривал, социјалистичкиот кандидат Игор Додон. Поранешниот комунист Додон бара продлабочување на односите со Русија. На 30 октомври ќе се одржат првите непосредни претседателски избори во Молдавија од 1996 година.

XS
SM
MD
LG