Достапни линкови

Нови пожари во мигрантскиот камп во Кале


Пожари во мигрантскиот камп во близина на францускиот град Кале

Нови пожари избувнаа во мигрантскиот камп во близина на францускиот град Кале додека властите се обидуваат да го расчистат просторот. Мигрантите денеска запалиле шатори и засолништа во знак на протест против затворањето на кампот. Меѓу шест и осум илјади луѓе се собраа во кампот пред почетокот на операцијата за расчистување на 24 октомври. Таму сè уште има околу 4 илјади луѓе. Француските власти ги носат мигрантите во други капацитети во земјата каде што ќе треба да се пријават и ќе им се даде можност да побараат азил. Претставник на француската полиција изјави дека властите ги повикале мигрантите да не палат огнови, но оти „некои од нив сепак го прават тоа“, повикувајќи се на традиција. Се очекува операцијата за расчистување на кампот да трае една недела.

XS
SM
MD
LG