Достапни линкови

Шефот на рускиот совет за безбедност во посета на Белград


Шефот на рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев зборува на Петтата московска конференција за меѓународна безбедност на 27 април 2016 во Москва

Шефот на рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев, е во посета на Белград, каде што се среќава со високи српски претставници. Патрушев, за кого се смета дека е еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, денеска ја повика Србија да потпише „Меморандум за разбирање“ со Русија за безбедносни прашања.

„Ние имаме такви документи со партнерите од најголема доверба“, рече тој.

По разговорите со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, предвидено е Патрушев да се сретне и со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и со претседателот Томислав Николиќ.

Србија се залага за членство во ЕУ, но одби да се приклучи кон санкциите на Унијата и други земји против Русија, кои беа наметнати поради улогата на Москва во конфликтот во источна Украина и анексијата на Крим.

XS
SM
MD
LG