Достапни линкови

Чавушоглу - Турција не отстапува од операцијата во Сирија


Tурскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу зборува пред Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур на 12 октомври 2016

Турција нема да отстапи од операцијата во Сирија, порача денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, откако хеликоптер за кој се верува дека им припаѓа на силите на сириската Влада, бомбардираше позиции на бунтовниците во северна Сирија, кои ги поддржува Анкара. Чавушоглу изјави дека силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад продолжуваат да ги бомбардираат сириските бунтовници, наместо ИД.

„Турските воени операции за чистење на границата од ИД ќе продолжат сè додека силите кои ги поддржува не го заземат сирискиот град Ел Баб“, рече тој.

Чавушоглу истакна дека Турција ќе преземе и мерки доколку биде нападнат ирачкиот град Тал Афар.

XS
SM
MD
LG