Достапни линкови

ТИ - М: институциите да реагираат за неправилностите во МОН


Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси интернешнел- Македонија.

Од Транспаренси Интернешнел Македонија ги повикуваат надлежните институции да постапат по наодите од Државниот завод за ревизија кој констатираше неправилности во работата на Министерството за образование и наука. Во Извештајот се нотирани неправилности при вработување на лица и ненаменско трошење на јавните пари кои ова министерство ги имало на располагање. Од Транспаренси велат дека е загрижувачки што надлежните институции се уште не рагираат на наодите, иако постои сомневање дека се сторени неправилности кои имаат обележја на одредени кривични дела.

„Транспаренси Интернешнел Македонија смета дека е недозволиво да се игнорираат ревизорските извештаи и поради тоа бара надлежните институции што поскоро да ги испитаат наводите од нив и да преземат соодветни чекори кон лоцирање на одговорност за сторените неправилности“, стои во соопштението на организацијата.

XS
SM
MD
LG