Достапни линкови

Во Куета Ден на жалост за загинатите полициски питомци


Полицајци носат ковчези со телата на нивните загинати колеги при нападот на полициската академија во Куета.

Во пакистанскиот град Куета денеска е Ден на жалост во спомен на жртвите кои загинаа во нападот на локалната полициска академија од страна на милитантите. Канцелариите и продавниците низ градот денеска беа затворени за време на погребот на 61 питомец од академијата, повеќето од нив на возраст од 20 години. Нападот се случи ноќта меѓу 24 и 25 октомври, а во нападот се повредени и 123 луѓе. Одговорноста за нападот ја презедоа милитантите на Исламската држава. И во други градови во Пакистан некои канцеларии беа затворени, а знамињата спуштени на половина копје.

XS
SM
MD
LG