Достапни линкови

Сојузниците се подготвуваат да ја освојат Рака од ИД


Американскиот секретар за одбрана Еш Картер на состанокот на министерите за одбрана на сојузниците против ИД, Париз 24.10.2016.

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер соопшти дека сојузниците предводени од САД се подготвуваат да покренат офанзива за преземање на сирискиот град Рака кој сега е во рацете на милитантите на Исламската држава. Тој прецизира дека операцијата за ова засолниште на ИД во Сирија ќе се преклопи со сегашната офанзива за преземање на ирачкиот град Мосул од ИД. Картер ова го изјави во Париз по состанокот на министрите за одбрана од 13 земји кои се дел од коалицијата која се бори против ИД. Тој не прецизира кога би можело да почне операцијата за Рака.

XS
SM
MD
LG