Достапни линкови

Колин Пауел ќе гласа за Хилари Клинтон


Поранешниот републикански државен секретар на САД Колин Пауел и демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон

Поранешниот републикански државен секретар на САД Колин Пауел соопшти дека ќе гласа за демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон на изборите на 8 ноември. Според него, републиканскиот кандидат Доналд Трамп не бил квалификуван за таа функција и оти им продавал на американците „работи што не ќе може да ги оствари“. „Тој секојдневно ја навредува Америка. Ги навреди латино американците, ги навреди афро американците, ги навреди жените, ја навреди својата партија, ги навреди нашите сојузници во светот“, оценува Пауел, наведувајќи дека Клинтон е способна да биде американски претседател.

XS
SM
MD
LG