Достапни линкови

Близок соработник на Хашим Тачи обвинет за криминал


косовскиот претседател Хашим Тачи

Еулекс го обвини Азем Сила, сојузник на косовскиот претседател Хашим Тачи за раководење на криминална мрежа инволвирана во измами и перење пари во вредност од неколку милиони долари. Сила е поранешен член на парламентот и познат политичар во Демократската партија на Косово на претседателот Хашим Тачи. Во изјавата на Обвинителството се наведува дека Сила и неговиот криминален синдикат биле илегално стекнале јавен имот на Косово во вредност од 33 милиони долари. Обвинителството наведува дека криминалната група оперирала од 2006 година. 65 годишниот Сила во април годинава им се предаде на властите.

XS
SM
MD
LG