Достапни линкови

Ѓукановиќ: Русија е зад заговорот за пуч во Црна Гора


Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ сугерира дека Русија била инволвирана во наводниот обид за пуч на денот на изборите и ја обвини опозицијата дека соработува со Кремљ. Тој прецизира дека имало „силна поврзаност со странскиот фактор“ во случајот кога на 16 октомври беа уапсени 20 луѓе под сомневање дека планирале вооружени напади врз него и неговите приврзаници откако ќе бидат соопштени резултатите од парламентарните избори. Русија силно се противи на напорите на Ѓукановиќ, Црна Гора да стане членка на НАТО и ЕУ. По изјавата дека Русија стои зад обидот за пуч Ѓукановиќ објави дека се повлекува и оти нема да продолжи на функцијата премиер. Неговата Демократска партија на социјалистите како негов заменик го избра Душко Марковиќ.

XS
SM
MD
LG