Достапни линкови

ОН-Исламска држава масакрира цивили во близина на Мосул


Раселени жени и деца пешачат источно од Мосул, Ирак, 25 октомври, 2016 година

Обединетите нации соопштија дека имаат извештаи дека милитантите на Исламска држава масакрираат цивили додека ирачките сили се во северниот град Мосул, последното упориште на ИД во Ирак. Од комесаријатот за човекови права на ОН денеска соопштија дека 70 тела со повреди од огнено оружје се најдени во селото Тулул Насер, околу 35 километри јужно од Мосул.

Како и да е, комисијата нагласува дека е многу тешко независно да се утврдат злосторствата преземени во Ирак. Портпаролот на комесаријатот Руперт Колвил денеска во Женева рече дека до нив продолжуваат да стигаат извештаи за напади врз жени, деца и мажи цивили. Тој додаде дека околу 15 цивили биле убиени од милитантите на ИД на 19 октомври во селото Сафина, околу 45 километри од Мосул, а нивните тела биле пронајдени во река.

XS
SM
MD
LG