Достапни линкови

Македонија на 10 место на Дуинг бизнис


Лого на Светската банка

Македонија во извештајот на Светската банка Дуинг бизнис за 2017 година објавен доцна попладнево се наоѓа на 10 место.

„Рекордни 137 економии во светот ги спроведоа клучните реформи кои се потребни за почнување на мал и среден бизнис“ се наведува во извештајот Дуинг бизнис 2017 кој Светската банка го издава еднаш годишно.

Во нивното рангирање за бизнис ефикасноста на прво место е Нов Зеланд, а потоа следуваат Сингапур, Данска, Хонг Конг, Кина, Република Кореја, Норвешка, Велика Британија, Соединетите Американски Држави, Шведска и Македонија.

Дуинг бизнис 2017 е 14 по ред годишен извештај во кој се истражуваат законите што ја зголемуваат бизнис активноста и оние што ја ограничуваат.

Во извештајот се рангираат 190 земји. Од регионот Хрватска се наоѓа на 43 место, Србија на 47 место, Црна Гора на 51, Косово на 60, Босна и Херцеговина на 81 место. Лани Македонија се наоѓаше на 12 место.

XS
SM
MD
LG