Достапни линкови

Ирак бара да биде изземен од одлуката на ОПЕК


Рафинерија за нафта во јужниот ирачки град Басра

Ирак ги информираше земјите членки на ОПЕК дека треба да биде изземен од планираното намалување на производството бидејќи им требаат повеќе пари за борбата против Исламска држава. Багдад е во голема офанзива за протерување на борците на ИД од Мосул, нивното најголемо упориште во Ирак. Ваквото барање го упатил ирачкиот министер за нафта Џабар Али-ал-Луаиби на состанокот со земјите членки на ОПЕК кој се одржал викендов.

Организацијата на земји извознички на нафта планира за околу 750 000 барели дневно да го намали производството на нафта на своите членки.

Како и да е ОПЕК веќе го иззема Иран од намалување поради тоа што производствот на Техеран досега беше опаднато поради меѓународниот санкции.Организацијата исто така може да ги изостави и Нигерија и Либија, кои слично како и Ирак, се во битки поради што им се потребни пари.

XS
SM
MD
LG