Достапни линкови

Иранско-американски државјанин осуден на 18 години затвор


Иранско-американскиот државјанин Робин Шахини

Робин Шахини, 46 годишник кој има двојно државјанство - иранско и американско и кој беше притворен во Иран од јули, е осуден на 18 години затвор откако беше обвинет за соработка со Соединетите Држави. Негов роднина кој се наоѓа во САД за Радио Фарда рече дека е шокиран од строгата казна.

Шахини кој има завршено на колеџот во Сан Диего беше притворен од безбедносните сили при посетата на мајка му во северен Иран.

Тој е последен со двојно државјанство кој е осуден на казна затвор во Исламската република. Минатата недела иранските власти објавија дека неколку лица, меѓу кои и двајца со иранско-американско државјанство, биле осудени на по десет години затвор за соработка со „непријателски влади“.


XS
SM
MD
LG