Достапни линкови

ИД ја презема одговорноста за нападот во Пакистан


Пакистански војници влегуваат во академијата во Куета по ноќниот напад од милитаните на ИД, 24.10.2016

Терористичката организација Исламска држава ја презема одговорноста за нападот на полициската академија во Куета, Пакистан, во кој загинаа 59 луѓе. Новинската агенција на ИД денеска соопшти дека „борците на Исламска држава“ го спровеле ноќниот напад во кој беа и повредени повеќе од сто луѓе.

Меѓу тројца и шест напаѓачи ја нападнаа академијата во југозападен Пакистан во текот на ноќта додека кадетите спиеле. Безбедносните сили убиле еден напаѓач, а двајца други загинале во самоубиствен бомбашки напад.

XS
SM
MD
LG