Достапни линкови

Експлозија пред зградата на трговско-индустриската комора во Анталија


Анталија

На паркингот на трговско-индустриската комора во турскиот град Анталија денеска одекна силна експлозија, јави Си-Ен-Ен Турк, наведувајќи дека притоа имало и повредени. Кон местото на инцидентот упатени се голем број амбулантни возила. Засега не е позната причината за експлозијата. Во експлозијата оштетени се голем број возила и прозорци на околните згради. Според градоначалникот на Анталија Мендерес Турел можно е експлозијата да била несреќа, но истрагата ќе ја утврди точната причина. Тој дополни дека имало поголем број повредени лица, но никој не бил во критична состојба.

XS
SM
MD
LG